WordPress Meetup #13

Dies ist ein vergangenes Event

87 Personen haben teilgenommen

Details

За 13-тиот meet-up ќе се одржи во просториите на Јавна соба ( Public Room ) на 16ти од 18:00 до 20:00

Сега кога имаме каде, да видиме кој ќе не почасти со своето предавање.

18:00-18:30 Предавање: „ Гутенберг Едитор“

Гутенберг е сеуште нешто ново во WordPress светот, со презентацијата на Митко ќе се запознаете со основите на Гутенберг едиторот, и начин како можете да креирате сопствени блокови за вашите потреби.

Предавач: Митко Кочковски

Митко е активен член на нашата заедница, и се што е WordPress . Митко има 10+ години искуство со WordPress и 20+ учества на WordCamp- ови. Моментално е сопственик и главен девелопер во WebPigment, каде работи исклучиво Woocommerce теми и plugin-и.

18:30-18:45 Пауза

18:45 - 19:15 Предавање: ,,Зголемете ја безбедноста на wordpress сајтот’’

Да го подигнеме нивото на свест во заедницата, покрај испорака на продуктот и услугата, со оваа презентација ќе дознаеме како да обрнеме внимание на можни безбедносни проблеми и нивно едноставно решавање (со задолжително инсталирање на 2FA, сетирање на соодветни file permissions).

Предавач: Далибор Шојиќ

Далибор е IT професионалец со над 20 години искуство со WEB технологии (Microsoft excluded). Full stack developer (HTML, CSS, JavaScript, Apache/Nginx, MySQL, Linux system admin). Работи Tailored Made WEB Solutions, базирани Linux, PHP (plain PHP, порано CodeIgniter, сега Laravel). Консултант и имплементатор на безбедносни мерки за намалување на ризик од губење и злоупотреба на податоци. Лиценциран ISO 9001:2015 проверувач.

19:15-19:30 Пауза

19:30 – 20:00 Предавање/Работилница: ,, Најголемите хитови за Графички/Веб и UX/UI дизајн во 2019-та’’

Од слоеви со интерактивност до светли бои, запознајте ги трендовите што ќе влијаат во 2019 година, дури и подолго. Без разлика дали сакате да ги следите трендовите и да ги користите, едноставно мора да ги знаете.

Предавач: Росана Роси Стаменкова

Моментално работи во интернационална компанија како Graphic / Web and UX / UI Designer & Developer и е предавач на Академиите за Графички Дизајн и Веб Дизајн во Creative Hub. Со своето работно искуство повеќе од 6 години и нејзиното богато портфолио опфаќа повеќе области. Како фриленсер работи и за клиенти од целиот свет на различни проекти.