What we're about

We're a group of local WordPress developers, designers, and publishers who get together to share our knowledge and experience, and to meet other WordPress users in the area. This WordPress Meetup is open to all who love WordPress --- join us!

Upcoming events (1)

16 WordPress Meetup

Faculty of Computer Science & Engineering

Од идеја до имплементација во WordPress со помош на Elementor Page buildеr. Овој meetup ќе се разликува од останатите по уникатниот концепт кој го oсмислија двајцата предавачи Стефан и Давид. Настанот ќе се одржи во Барака 2 на ФИНКИ на 14ти Септември од 18:00 Стефан ке зборува за дизајнерскиот дел од проектот ( од почетната интеракција со клиентот до дефинирање на UX и UI дизајн). Додека пак Давид ке презентира како тој дизајн да се имплементира во WordPress со помош на Elementor Page Builder. Кој е Стефан Спасовски? Стефан Спасовски е продукт дизајнер со повеќегодишно работно искуство. Во моментов работи во Inspiron Solutions, каде што решава проблеми креирајќи визуелни дизајн решениа за разни дигитални проекти. Специјалност му се комплексни веб апликации, водење фронт-енд тим, дизајн на дигитални производи и развој на системи за визуелен дизајн. Ужива во креирање на одлични UX решениа и дизајнирање на прекрасни дигитални производи.Целиот процес почнувајќи од концепт до крај вклучувајќи и повратни информации од клиентот е она што го работи секојдневно.Има работено со бројни клиенти од целиот свет, од стартапи до големи компании. Слободното време го проведува во учење, вежбање и шетање по природата. Кој е Давид Шојиќ? Давид Шојиќ е WordPress developer со 6 годишно искуство како freelancer и како дел од тимот на Webpigment. Покрај своето богато работно портфолио, има и богато “патувачко” портфолио. Редовен е на WordPress meetup-ови организирани од WordPress Македонија како активен член на заедницата, и редовен подржувач и ученсик на WordCamp-ови во соседните земји. WordCamp Europe го смета за можност за учење, дружење и загревање пред одмор Кога Давид не кодира, ужива во ладно пиво, добро друштво и музика. Одлична прилика за сите оние кои сакаат одблиску да видат како идејата на клиентот може да премине во реален проект, преку окото на дизајнерот до кодот на девелоперот.

Past Events

15 WordPress Meetup

Faculty of Computer Science & Engineering

Photos (1)