Skip to content

Details

За првпат во Македонија организираме Биткоин meetup со цел да креираме Биткоин заедница и да ги информираме сите што се заинтересирани за оваа крипто-валута.

Meetup-от ќе се одржи во кафулето на тенискиот клуб МТП, на 24 април 2014 година, со почеток во 20 часот.

ТК МТП на мапа: http://goo.gl/bTyPLc

Настанот ќе започне со кратка презентација и дискусија за Биткоин.

Доколку имате смартфон, ќе дознаете како да креирате Биткоин паричник и како да го користите. Воедно, за време на настанот ќе можете да ги купите и вашите први биткоини!

Со биткоините ќе можете да купите пијалак, храна и сè што е на менито во кафулето на тенискиот клуб. Ова ќе биде првиот бизнис во Македонија што ќе прима Биткоин за своите услуги!

Секој што е заинтересиран за Биткоин е добредојден да присуствува - со цел да се поврзе, научи, соработува и да тргува.

Ве очекуваме!

Related topics

You may also like