Skip to content

Ценовна оптимизација за процесирање на големи податоци

Photo of Petre Lameski
Hosted By
Petre L. and 4 others
Ценовна оптимизација за процесирање на големи податоци

Details

Предавач: доц. д-р Ефтим Здравевски

Кратка содржина:
Процесирањето на податоците со аналитички можности се клучни за успехот на компаниите денес. Платформите за пресметка во облак и процесирање со високи перформанси овозможуваат практично неограничена скалабилност на ресурсите. Сепак, оптимизирањето на трошоците за инфраструктура може да биде предизвик. Во ова предавање ќе дадеме преглед на начините како може цената да се оптимизира, со посебен осврт на нов начин за креирање робустни кластери во облак што се прилагодуваат на конкретната задача за процесирање. Архитектурата што ќе ја презентираме се води по парадигмата инфраструктура-како-код што овозможува кластерот динамички да се конфигурира и управува. Ќе покажеме како може да се идентификува оптималната големина на на кластерот со цел да се процесираат дадените податоци во предефинирано време. Потоа, со анализа на цените на ресурсите на моменталниот пазар (spot market) и користејќи модели за анализа на временски серии, се оптимизира времето кога да се изврши одредена пресметковна задача. Целта е да се искористат периодите кога цените се намалени. Ќе ги демонстрираме резултатите од извршените експерименти кои потврдуваат дека динамичкото распоредување овозможува заштеди до 80% од стандардните цени, а во најлош случај само 1% поскапо од апсолутно минималната цена.

Photo of High Performance Computing Meetup Group group
High Performance Computing Meetup Group
See more events