The Agent Era: Routing, Tools, and Autonomous AI Capabilities
Details
PyData Skopje ве поканува на последното предавање за оваа година. Темата е „The Agent Era: Routing, Tools, and Autonomous AI Capabilities“, а предавањето ќе го одржи Теодора Младеновска од Pythian на 17.12.2025 година од 18 часот во Base42.
Настанот ќе биде насочен кон актуелната Agent Era, период во кој AI агентите стануваат клучен двигател на автономни процеси, интелигентно рутирање и употреба на алатки во современите системи.
Теодора ќе понуди јасен преглед на тоа што претставуваат AI агентите, кои типови постојат и како се применуваат во различни домени. Ќе бидат опфатени и современите протоколи за комуникација меѓу агенти, како MCP и A2A, со осврт на нивната улога во овозможување сигурна, брза и координирана интеракција меѓу автономни системи.
Презентацијата ќе даде увид во функционирањето на агенти во практични сценарија – од избор на соодветни алатки и оптимизирање работни текови до донесување одлуки во динамична средина. Во завршниот дел ќе бидат прикажани клучните трендови и насоки што го дефинираат развојот на автономните AI способности, како и потенцијалот што го носат во блиска иднина.
Теодора Младеновска е дипломиран инженер по Компјутерски технологии и инженерство на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, а своето образование го продолжува на магистерските студии по Интелигентни системи на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.
Работи како Machine Learning Engineer во Pythian, каде што развива и имплементира решенија користејќи традиционално машинско учење, длабоко учење и големи јазични модели. Во својата работа, континуирано експериментира со нови методи и технологии, прилагодувајќи ги своите вештини на брзо менливиот свет на вештачката интелигенција. Таа активно истражува иновативни пристапи, спроведува експерименти со различни модели и алгоритми и придонесува за развој на решенија во реални, комплексни проблеми.
