Skip to content

Details

PyData Skopje ве поканува на првото предавање за 2026-та година. Темата е „Responsible AI for Wildlife Conservation“, а предавањето ќе го одржи Виктор Домазетоски, кој во моментов е на докторски студии на University of Exeter и The University of Queensland. Се гледаме на 28.1.2026 година од 18 часот во Base42.

За настанот:
Во последната деценија, вештачката интелигенција станува сè поприсутна во екологијата и заштитата на дивиот свет, со апликации како што се мониторинг на биодиверзитетот преку камера замки и акустични сензори, анализа на однесувањето на животните и моделирањето на дистрибуцијата на видовите. Сепак, нашето разбирање за ограничувањата и пристрасностите на овие системи е ограничено, особено во однос на тоа како грешките се шират низ процедурите за еколошко моделирање и потенцијалните последици од нивното користење во реалниот свет.

Во склоп на ова предавање, ќе видиме поконкретно како вештачката интелигенција се користи за проблеми поврзани со околината, со фокус на компјутерска визија за камера замки и корални гребени. Понатаму, ќе видиме како употребата на одговорна вештачка интелигенција (responsible AI) може да се примени во овој домен, со цел да се разберат пристрасностите (biases) на овие модели (во однос на различни видови животни, живеалишта, хардвер), како овие пристрасности влијаат врз извршувањето на еколошките модели и како тие можат да се намалат со интегрирање на доменско (еколошко) знаење во моделот.

Виктор Домазетоски е докторант по биолошки науки во рамките на институтот UQ-Exeter помеѓу универзитетот на Ексетер во Англија и Универзитетот на Квинсленд во Австралија со фокус на примената на вештачка интелигенција во заштитата на дивиот свет. Соработува и со Wildlife Conservation Society во развојот на вештачка интелигенција за мониторинг на корални гребени, и е ко-лидер на групата за AI for Conservation на WILDLABS која брои над 1000 членови.

Тој има интердисциплинарна позадина, со завршени додипломски студии по компјутерски науки и инженерство на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, и магистерски студии во еколошко моделирање од Универзитетот во Гетинген во Германија. Има работено на примена на различни статистички методологии и вештачка интелигенција, низ области од животната средина, физика, биомедицина и невронаука.

Related topics

Events in Skopje, MK
AI and Society
AI/ML
Data Science
Environmental Education
AI Ethics

You may also like