Skip to content

Details

Base42 ве поканува на новото издание на PyData, кое ќе се одржи на 27.04.2026 во 18:00 часот. Предавањето ќе го одржи Вероника Андоновска од Slice на тема: „Solve for Maintainable, not for Impressive“.

Ова предавање ќе понуди искрен и практичен увид во развојот на еден сервис кој бил преработен три пати во период од пет години — прво во Go, потоа како Python микросервис, и сега како Python монолит. Наместо да се фокусира на „финалното решение“, сесијата ќе ги разгледа грешките, компромисите и инженерските одлуки кои се носат во текот на процесот.
Ќе бидат опфатени теми како кога е вистинскиот момент за миграција на жив сервис и како да се направи тоа без прекин, каде треба да се постави бизнис-логиката за да остане одржлива, како и на кој начин архитектурата влијае на тоа што вашите AI алатки можат да „разберат“ и обработат.

Ова не е предавање по една успешно завршена миграција - туку увид во процесот за време на миграција и токму затоа е корисно.

Вероника Андоновска е backend engineer во Slice, food-tech платформа преку која ресторантите управуваат со своите менија и нарачки.

Related topics

Events in Skopje, MK
AI/ML
Data Science
Python

You may also like