Online: Tidy Tuesday #26 ( Сподели Знаење #8-2020): Алгоритамско Инвестирање


Details
Во овој видео настан Љупчо Наумов ќе презентира кратка теорија на Алгоритамско или Quant инвестирање што претставува начин на создавање на портфолија преку предефинирани правила.
Фокусот ќе биде на практика така што ќе напишеме алгоритам во живо во R. Ќе симнеме финансиски податоци за сите членови на S&P500 индексот, и ќе дефинираме алгоритам кој врз база на тие податоци ќе генерира портфолио.
Целта е да се покаже дека Алгоритамско Инвестирање не е научна фантастика, и дека со неколку линии код можат да се постигнат одлични финансиски резултати.
Настанот ќе биде одржан во четврток (24.12.2020) во 20:00ч., онлајн т.е. на Google Meet, на следниов линк: https://meet.google.com/kaw-uovv-vgx
Доколку има измени во линкот до Гугл Мит, оваа објава ќе биде ажурирана.

Sponsors
Online: Tidy Tuesday #26 ( Сподели Знаење #8-2020): Алгоритамско Инвестирање