Skip to content

WordPress Meetup #44

Photo of David Sojic
Hosted By
David S. and Mitko K.
WordPress Meetup #44

Details

Здраво на сите,

Со задоволство ви го најавуваме #44 WordPress Meetup, прв за 2025 година.

Овој Meetup предавачи се Ива Дујак Ѓурѓиќ и Благој Ѓелевски.

Ива e пензиониран блогер со докторат по маркетинг. Таа е извршен директор и основач на MOVEMENT маркетинг агенција, ментор на Академијата за дигитален маркетинг Brainster и редовен говорник во Стопанската комора на Македонија 5+ години.

Благој е ко-основач на Тивиус, дигитална маркетинг агенција од Кавадарци. Во изминатите 8 години, заедно со неговиот тим, има изработено над 110 WordPress веб страни за клиенти од цел свет. Предавач е и на Скала академијата за UX/UI по предметот WordPress.

Теми:
„Како да ја креираш вистинската содржина за публиката на твојот блог?" -
Интерактивна работилница во која ќе бидат покриени основите за дефинирање на целна публика, откривање на нивни интереси и потреби и дефинирање соодветни content формати согласно публиката и целите на блогот. На работилницата ќе бидат прикажани примери на добро сработена содржина прилагодена за целна публика, како и препораки и совети за поефикасно креирање на содржина која ја привлекува и резонира кај целната публика.

"Иднината на WordPress во услови на забрзан развој на вештачката интелегенција" -
Дали вештачката интелегенција ќе го замени WordPress, како најзастапен open source software на Интернет? - Позитивни и негативни страни за WordPress дизајнерите и девелоперите од развојот на ВИ; - Како најдобро моментално да се позиционираме како WordPress девелопери/дизајнери, искористувајќи ги алатките базирани на вештачка интелегенција? - Која е точката на сингуларитет за WordPress девелоперите/дизајнерите? Уште колку години имаме до таа фаза?

Агенда

18:00 - 18:45 Ива Дујак Ѓурѓиќ - Како да ја креираш вистинската содржина за публиката на твојот блог?”
18:45 - 19:00 Пауза и дружење
19:00 - 19:45 Благој Ѓелевски - Иднината на WordPress во услови на забрзан развој на вештачката интелегенција
19:45 - 20:00 Дружење

Локација
Настанот ќе се одржи во просториите на Netaville во amphitheatre, воедно и голема благодарност за нивната подршка кон WordPress заедницата.

## Влезот е бесплатен, но пријавата овде е задолжителна. Ве молиме за RSVP. Да ја прошириме WPMKD заедно ##

Photo of Skopje WordPress Meetup group
Skopje WordPress Meetup
See more events